Црна хроника
Се судрија три возила во Скопје, три лица се повредени

Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булеварот Партизански одреди и булевар 8 Септември во Скопје.
Според полицијата, во сообраќајната среќа учествувале три возила – „мерцедес“, „хонда“ и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблици.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец нападнат од три лица во Аеродром: му го попречиле патот, па му го оштетиле и возилото

Триесетгодишен скопјанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат во Аеродром.
Додека се движел со товарно возило, тројца мажи кои биле со автомобил му го попречиле патот, при што едниот физички го нападнал, додека другите го влечеле и се обиделе да го извлечат од возилото.
Успеал да им побегне, но не траело долго. Го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет, информира МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Штипјанка нападната од партнерот на бензинска, жена од Свети Николе во домот – насилство во источниот дел од земјата

Две жени од Штип и Свети Николе во текот на вчерашниот ден биле нападнати. Едната од момчето, а втората од поранешниот сопруг.
Од МВР информираа дека во Штип нападната е 33-годишна жена на бензиска пумпа во градот, од страна на нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од селото Конче.
Во случајот во Свети Николе, приведен е Д.М.(68) кој ја нападнал неговата 56-годишна поранешна сопруга и со нож и се заканувал во домот.
Полицијата работи на расчистување на случаите.
Црна хроника
Локомотива удри во скопјанец кај Хиподром, пренесен во болница со тешки повреди

Локомотива во сопственост на Македонски железници, синоќа оп полноќ удри во 55-годишниот пешак С.Л. од Скопје.
Несреќата се случила на железничкиот премин Хиподром, а пешакот е тешко повреден, соопшти МВР.
Пренесен е на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и извршен е увид на местото на несреќата.