Црна хроника
Син го пронашол татка си обесен во гаража во Скопско

Вчера во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.