Црна хроника
Скинат кабел од бандера опожари куќа во Визбегово
Скинат кабел од бандера опожари куќа во село Визбегово. Во несреќата нема повредени.
Според информациите на полицијата, вчера во 6:10 часот К.В.(47) пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар.
Опожарена била кровната конструкција и вториот кат од куќата. Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Израелци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште
Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Ученикот по приемот во болницата во Прилеп е хоспитализитан на Клиниката за детска хирургија во Скопје и неговата состојба е стабилна.
„На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 – годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат на основното училиште во кое учел во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
Засега нема официјални информации како дошло до несреќата.
(Обновено)