Црна хроника
Скопската полиција трага по возач кој удрил во пешак и побегнал
На крстосницата меѓу скопските улици Лука Геров и Марк Твен непознат возач во текот на вчерашниот ден (16 октомври) удрил во 58-годишен пешак од Пробиштип, по што побегнал од местото.
Од ударот пешакот добил тешки повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“ каде што му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Судир на патот Штип–Кочани: „Пежо“ и „форд“ се судрија, еден возач тешко повреден
Тешка сообраќајна несреќа се случила на 27 декември попладнето на магистралниот пат Штип–Кочани, на излезот од селото Чардаклија.
Според информациите од СВР Штип, околу 16:13 часот дошло до судир меѓу патничко возило „пежо 607“, управувано од 28-годишен жител на Радовиш, и товарно возило „форд транзит“, зад воланот на кое бил 60-годишен маж од селото Горни Подлог, кочанско.
Во несреќата, возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди биле повредени и возачот на товарното возило, како и неговите две сопатнички – жени на возраст од 58 и 62 години.
Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничка болница Штип, каде што им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Грабеж среде ноќ во Скопје: четири малолетници уапсени по кражба на чанта од жена
Четири малолетни лица од Скопје се лишени од слобода рано утринава по сомнение дека извршиле грабеж на една скопјанка.
Како што информира полицијата, денеска (28 декември) околу 03:20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле малолетниците на улицата „Цветан Димов“.
Според првичните информации, тие претходно насилно одзеле чанта oд едно женско лице, во која се наоѓале лични документи и платежна картичка.
По приведувањето, малолетните лица биле спроведени во Полициска станица Бит Пазар, каде што се задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ќафасан: Возач oставил пари на шалтер и се обидел да поткупи полицајка
Обид за поткуп е регистриран на граничниот премин Ќафасан во попладневните часови на 27 декември.
Како што информира полицијата, околу 14:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода 41-годишниот В.К. од Република Албанија. За време на граничната и пасошката контрола, тој ѝ понудил поткуп на полициска службеничка, оставајќи пари преку прозорецот од кабината на шалтерот.
По настанот, лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

