Црна хроника
Скопски дилер криел марихуана во куќата на неговиот дедо во Чаир
Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 25-годишен скопјанец кој марихуана спакувана во зипер-ќесички криел во куќата на неговиот дедо во Чаир.
Обвинетиот, во куќата на неговиот дедо, неовластено заради продажба, држел 105,55 грама марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички.
При полицискиот претрес на 16 јануари била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Скопјанецот за товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот, која претходно беше определена од Основниот кривичен суд Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени двајца дилери од Берово
Полицијата уапси двајца дилери од Берово, во возилото во кое се превезувале и во нивните домови е пронајдена дрога.
На 11.12.2025 околу 17:30 часот, на место викано „Фармите“ на локален пат Делчево-с.Тработивиште, делчевско, полициски службеници ги лишија од слобода С.К.(32) и Д.Д.(19), двајцата од Берово. По преземени мерки и активности, полициските службеници запреле и извршиле контрола во патничко возило „пежо“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.К., а сопатник бил Д.Д.. притоа, во возилото и кај нив се пронајдени и одзмени марихуана и бела грутчеста материја.
Подоцна, со судска наредба, извршени се претрес во нивните домови во Берово, при што во домот на С.К. се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дробилка, дигитална вага и други предмети. Додека, во домот на Д.Д. се пронајдени предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против двајцата, по брза постапка, ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Двајца уапсени во Струга по пријави за семејно насилство
Полициски службеници привеле две лица по пријави за физички напад врз нивните невенчани сопруги, соопшти СВР Охрид.
На 11 декември 2025 година во 22:45 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, од слобода бил лишен С.Р. (30) од Скопје, кој претходно, во семејниот дом во Струга, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, на 12 декември 2025 година во 02:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ќ.Ќ. (33) од селото Радолишта, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. И во овој случај, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“.
„Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, по што вршеле механичко одвојување, сортирање на делови и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади, односно кај правни субјекти кои вршат дејност складирање и третман на отпад или кај пријавениот А.Ш., каде ги продавале по повисока цена со цел да остварат материјална корист. Исто така, А.Ш. вршел и складирање на отпадни работи во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп на отпадни метални работи од трети лица и да му ги продаваат нему“, соопшти МВР.
За таа цел им давал на користење возила во кои товарале и носеле отпадни работи, а за негови потреби останатите пријавени лица вршеле и транспорт на веќе одвоените и сортирани метални предмети до овластени отпади и слично, за што А.Ш. им плаќал определен паричен надомест.

