Топ
Скопјанец загина во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка – Деве Баир

Шеесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Крива Паланка – Деве Баир, кај селото Кркља.
Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. С. (65) од Скопје и камион „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј. М. (32) од Крива Паланка.
Во незгодата С. С. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом во Крива Паланка, каде што околу 15.50 часот починал. Сопатничката од истото возило, К. С. (65) од Скопје, добила тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Крива Паланка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази.
Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. Со таа цел, објектот се уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува, велат од Обвинителството.
Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери.
Економија
Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Тука влегуваат и маркетите што продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук и трговците што продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци што вршат трговија на мало. Исклучени се само микротрговци, односно оние што вработуваат до 10 лица, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Ова произлегува од Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец, кој врши дејност трговија на мало.
„Во согласност со Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец, кој врши дејност трговија на мало, има обврска да ги објавува цените на стоките што ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените, односно ценовник. Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ценовникот треба да содржи: назив на стока – производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ, единечна цена за килограм, литар, метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, редовна цена со ДДВ и промотивна или цена со попуст, која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот“, појасни министерот.
Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.
Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.
„Граѓаните сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари бидејќи самите ќе може да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“, рече Дурмиши.
Македонија
„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата за Албанците на Арбан Таравари.
Првиот вицепремиер, кој е дел од коалицијата, Изет Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека по завршувањето на средбата, јавноста ќе биде известена за ставот на „Влен“.
Ова се случува откога претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, соопшти дека неговата партија останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе настапи со сопствена листа на кандидати за советници.
„Остануваме во коалицијата, освен ако тие не нè исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно“, рече Таравари.
Во врска со кандидатите за градоначалници, тој изјави дека за тоа сè уште не е донесена одлука.