Топ
Скопјанец загина од струен удар, се качил на цистерна со нафта

Скопјанец на возраст од 46 години изутринава загина од струен удар додека стоел качен на цистерна на железничката станица Илинден.Случајот е пријавен во СВР Скопје од каде е утврдено дека станува збор за 46-годишниот М.Б. од Скопје.
На местото на настанот се излезени екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и Итната медицинска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.