Црна хроника
Скопјанец му се заканувал на маж и го испрскал со спреј, полицијата во неговото „бмв“ нашла и нож

Вчера во Скопје на подрачјето не Центар од полициски служебници е приведен Д.К.(38) од Скопје, при што во патничкото моторно возило „бмв“ кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и спреј.
Претходно, околу 17.50 часот во СВР Скопје Н.Л.(65) од Скопје пријавил дека додека се движел од с.Нерези кон центарот на градот бил пресретнат од Д.К., кој му упатил закани и го испрскал со спреј, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин.
Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.
„За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек. По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството ќе ја информира јавноста“, соопштија од МНР.
Медиумите синоќа објавија дека телата биле пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија, пренесува белградска „Политика“. Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. oд Струмица, а уште еден, српски државјанин од Ниш, бил предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на теротории на одредени земји во Западна Европа. Неофицијално дел од медиумите во Србија денеска споменуваат и дека третиот од тројцата убиени бил Бугарин.
Црна хроника
Маж обвинет за допирање малолетно дете во скопско село

На 13.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од скопско пријавила дека на 12.08.2025 околу 21:00 часот, С.С., кој живеел во близина на нејзиниот дом, ја бакнувал и ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Teшко повредена жена во сообраќајна несреќа на патот кај Ресен

На 13 август 2025 година, околу 11:10 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото викано „Макази“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (74) од Скопје, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К. (65) од Канада.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Хјундаи“-от, С.С. (71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен.