Црна хроника
Скопјанец натепан од неговиот син во Аеродром

Вчера се случила тепачка во двор на семејна куќа на подрачје на Аеродром.
-На 15.06.2023 во 21.48 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишен скопјанец пријавил дека околу 14.00 часот во двор од неговата куќа на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син А.К.(47), соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени кај скопјанец, поведена истрагa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
Полициски службеници вчера извршиле претрес на таванската просторија во зградата каде живее осомничениот во Аеродром и утврдиле дека таму без дозвола држел огнено оружје – пиштол со калибар 7,65 мм и пет куршуми. Исто така, била пронајдена и опојна дрога – 4,2 килограми марихуана и 5,98 грама кокаин.
Во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат дека 21-годишниот осомничен би можел да се даде во бегство, дека ќе ги прикрива трагите на кривичното дело или ќе влијае врз сведоци, но и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ за злоупотреба на службената положба

Охридската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа.
Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари.
Црна хроника
Tинејџер нападнат од повеќе лица на автобуска постојка во Центар

Седумнаесетгодишно момче пред три дена било нападнато од неколку лица на автобуска постојка во центарот на Скопје. Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден.
Според информациите, најверојатно зад нападот стојат малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.