Црна хроника
Скопјанец на Водно се обидел да изврши полов напад и силување
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување.
Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, осомничениот со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земјата, па легнал врз неа, со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот.
Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата Востаничка во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности што го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.