Црна хроника
Скопјанец не пуштал тинејџерка од Охрид да си оди од викендичка во која заедно провалиле

30-годишен жител на Скопје денеска бил уапсен поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.
„Денеска (16.04.2023) полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила“, се вели во соопштението од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.