Црна хроника
Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувачница
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело разбојништво.
Обвинетиот 28-годишник на 20.9.2019 година влегол во обложувачница на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје носејќи кујнски нож со сечило од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувачницата му се заканил и побарал да му ги даде парите. Вработениот се исплашил и ги отворил фиоките, ги извадил парите и му ги ставил во кесата што ја носел обвинетиот. По ова, обвинетото лице го напуштило објектот со прибавена противправна имотна корист од 15.000 денари, а билo лишенo од слобода два месеца подоцна.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, и тоа по три основи: опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетениот и веројатност да го повтори делото што му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Предложен притвор за 37-годишник за недозволено држење муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од различни видови огнено оружје.
Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар.
Црна хроника
Уапсен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога
Вчера во 17:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К..(52) од Германија, затоа што при гранична контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“ со германски национални ознаки, со кое патувал, пронајдени се марихуана, таблети и др..
А.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.
„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

