Црна хроника
Скопјанец обвинет за убиството на жена во Шуто Оризари
До скопското обвинителство поднесено е обвинение за убиството и обидот за убиство што се случи во јуни во населбата Шуто Оризари, кога настрада жена, а со повреди заврши и нејзиниот сопруг.
На 14 јуни, обвинетиот скопјанец, по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож во рака отишол во куќата на роднината. Кога оштетениот го забележал, и тој зел нож во раката за да се брани, по што повторно меѓу нив дошло до физичка пресметка. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата роднини застанала сопругата на оштетениот. Во тој момент обвинетиот со умисла ја лишил од живот, замавнувајќи со ножот и задавајќи ѝ смртоносна убодна рана во пределот на градниот кош и срцето.
Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и неговиот роднина, нанесувајќи му две површни рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот. По настанот, го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал од местото.
„Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот, како и основан страв дека тој би можел да го повтори или доврши обиденото кривично дело, а особено имајќи ги предвид тешките последици од настанот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор“, велат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

