Црна хроника
Скопјанец ограбувал пензионери, употребувал физичка сила за да го стори разбојништвото
Вчера во 13.25 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, извршена на 15.04.2023 на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка.
„Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во текот на вчерашниот ден извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13.04.2023 на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.