Црна хроника
Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека
Скопското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец, осомничен дека извршил кривично дело разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.
На 22 февруари, на улицата Борис Трајковски во Скопје, осомничениот влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите. Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот ѝ се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластичен стол и започнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.