Црна хроника
Скопјанец под истрага за трговија со хашиш во Куманово
Кумановското основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против 45-годишник од Скопје, за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, неовластено заради продажба држел хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, а во рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со тежина од 306,24 грама.
Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата.
Судот на осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

