Црна хроника
Скопјанец приведен поради напад врз својата 18-годишна сестра

Полицијата во Чаир синоќа го приведе Б.Ѓ.(19) од Скопје по претходна пријава дека околу 20.15 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир, физички ја нападнал својата 18- годишна сестра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен Унгарец на Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода 47-годишниот Ц.З. од Унгарија.
При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лишен од слобода 39-годишник од Пробиштип, возел пијан

Ноќеска во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 39-годишниот О.Т. од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .
Црна хроника
Кражби во цркви во Сопиште и во скопски Центар

Во СВР Скопје вчера во 09.00 часот било пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, биле одземени разни предмети и ѕвоно од камбанаријата.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.05.2025) во 10.00 часот во СВР Скопје, од црква на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 18.05.2025 во периодот од 17.00 до 17.45 часот со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во кругот на црквата е одземен предмет.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.