Црна хроника
Скопјанец пронајден мртов во неговата куќа во Удово

48-годишниот А.А. од Скопје бил пронајден мртов во семејна куќа во село Удово. Според информациите од полицијата, починатиот имал здравствени проблеми.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Полицијата спроведува истрага за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.