Црна хроника
Скопјанец лажел дека има фирма, склучил договор од 365.819 денари
Надворешната канцеларија за кривични работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 33-годишен скопјанец со иницијали А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
„Во декември минатата година во просториите на фирма од Скопје пријавениот, лажно претставувајќи се како сопственик на правното лице, ги довел во заблуда З.Л., сопственик на правно лице од Свети Николе, и неговата сопруга, при што истите склучиле договор за купопродажба на производи во вредност од 365.819 денари. По ова, до денот на пријавување на настанот, истиот не извршил уплата за подигнатата роба, додека издадените фактури не биле евидентирани во сметководството на правното лице од Скопје“, велат од МВР за овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал
Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед
Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско
Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

