Црна хроника
Скопјанец се шетал со нож, полицијата го приведе
Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Н.Б.(23) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Фатен и спроведен во притвор осомничени за убиство во обид во Скопје
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.
Црна хроника
Го привеле за кражба на тротинет
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје.
Како што соопшти МВР, со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведени две лица за напад на полицајци
Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 19.45 часот ги лишиле од слобода 34-годишниот З.Н. и 41 годишниот Д.Н. двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи.
Како што денеска информираат од СВР Велес, З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јaвен обвиител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.