Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар

Дваесет и четиригодишен скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар.
Според информациите на МВР, вчера на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го привеле М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со автомобил „мерцедес“ удрил полициски службеник.
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Три лица од кои две потешко повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Вчера на улицата Живко Чинго во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и нејзиниот сопатник Т.М.(41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил Д.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид.
Црна хроника
Млад кавадарчанец турнал пензионерка за да и’ ја украде чантата со 50 евра и „моторола“, тешко е повредена

Деветнаесетгодишник од Кавадарци е приведен оти турнал жена и тешко ја повредил за да ја ограби.
Нападот, според информацијата на полицијата, се случил синоќа околу 21 часот на улицата Благој Крстиќ.
Оштетената е 75-годишната В.А. од Кавадарци. Таа на сила била турната во влезот од зградата, и и’ била грабната чантата во која носела 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. При падот се здобила со тешки повреди и била пренесена во кавадаречката болница.
Во близина на местото на грабежот била пронајдена ташната, а при прегледот кај осомничениот биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и дрога.
Деветнаесетгодишникот е задржан во станица, а извесен е јавен обвинител за целиот случај.
Црна хроника
Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.