Црна хроника
Скопјанец со ,,голф” излетал од патот и се превртел

Скопјанец е тешко повреден откако излетал и се превртел со возилото во атарот на селото Варвара. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 12,45 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на селото Варвара.
Возилото „голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело. Возачот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.