Црна хроника
Скопјанец со „мерцедес“ удрил во полицајка и побегнал

Скопјанец на возраст од 54-години е уапсен вчера откако истиот ден со автомобил „мерцедес“ удрил во полициска службеничка на булеварот Партизнаски одреди.
Како што информираат од МВР, сè почнало кога возачот не застанал на знакот за запирање од полицajката и со „мерцедесот“ удрил во неа.
Потоа, 54-годишникот го напуштил местото, но набргу бил пронајден.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба.
М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.
Црна хроника
Изгоре „опел инсигниа“ во Скопје, од пожарот зафатено уште едно возило

Денеска во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 32-годишниот А.Л. од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбена црква во Струмица

Во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 20:00 до 23:46 часот на 17.08.2025 со употреба на сила било влезено во црквата Свети Димитриј во Струмица и биле одземени пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.