Црна хроника
Скопјанец со стап тепал малолетна потстанарка зошто скршила огледало и ја исекол со скршените парчиња
Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка против 64-годишен скопјанец кој претепал малолетна постанарка поради скршено огледало.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз девојче на возраст од 14 години. Малолетничката заедно со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во населба Аеродром.
На 23 јануари девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрво да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот.
Девојчето се обидело да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата биле и сопругата на братот на малолетничката со нејзините две деца на возраст од три месеци и една и пол година, која не успеала да му помогне на девојчето.
Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело насилство.
Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител проценил дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот.
Од тие причини, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој и претходно бил осудуван и може да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.