Црна хроника
Скопјанец украл „пасат“, па изнудувал 2 000 евра од сопственикот за да му го врати
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против В.П. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 и „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик.
Тој на 5 јануари околу 16:15 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје украл „фолксваген пасат“ сопственост на З.Ц. (50) од Скопје, по што заминал во непознат правец. Потоа, за истото возило, со закана дека ќе го расклопи на делови доколку не му бидат дадени 2 000 евра, го принудил оштетениот да ги плати парите за да си го врати украденото возило.
На 8 јануари оштетениот скопјанец и негов пријател се сретнале со крадецот, кој откако ги добил парите им кажал дека возилото ќе било донесено кај слаткарница во Стопански Двор. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници на 15 февруари во полициска станица во Скопје, во присуство на Јавен обвинител, било извршено препознавање на пријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

