Контакт

Топ

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Објавено пред

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била пронајдена 59-годишна жена со иницијали В.М.

dobivaj vesti na viber

Полициски службеници излегле на местото при што било констатирано дека околу 30 минути по полноќ, на 2 август, В.М. најпрво била пронајдена со повреди во селото Волково, по што била пренесена во болницата „8 Септември“ за укажување лекарска помош.

Таа самостојно ја напуштила болницата, не сакајќи да пријави дека била малтретирана од нејзинот 36-годишен син (П.М), но набргу по излегувањето од болницата починала.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Објавено пред

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево, во магацини со пластичен и електронски отпад, изјави утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, со навременото делување спасени се четири објекти, но  и голема количина на пластичен отпад до која не дошол огнот.

И покрај тоа, чадењето сè уште е присутно од под песокот со кои се затрупани литумските батерии. Пожарникарите во моментов работат на навлажнување на песокот за целосно догаснување, со оглед на тоа што ваквиот вид отпад е исклучително тежок за гаснење, рече Ангелов.

Паралелно, околу 2:30 часот по полноќ, екипи на скопската противпожарна бригада интервенирале и на депонијата Дрисла, каде биле забележани пламени јазици. Се работело за испарување на гас, а брзата интервенција спречила опасност пламенот да го зафати главниот дел од депонијата.

„Состојбата во Дрисла е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел, бидејќи најмалку половина од местото што гореше вчера е веќе покриено. Дел од механизацијата беше пренасочена во Трубарево,“ изјави Ангелов.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на купувањето руска нафта. Тој најави дека САД ќе воведат нови мерки само кога сите земји од Алијансата ќе се обврзат на истото.

dobivaj vesti na viber

„Подготвен сум да воведам големи санкции кон Русија кога сите земји членки на НАТО ќе се усогласат и ќе престанат да купуваат нафта од Русија. Во секој случај, јас сум подготвен да ‘тргнам’ кога и вие ќе бидете. Само кажете кога,“ порача Трамп во писмото објавено на социјалните мрежи.

Покрај тоа, тој побара и зголемување на царините кон Кина, меѓу 50% и 100%, како демонстрација на сила, оценувајќи дека таквиот чекор би помогнал побрзо да заврши војната меѓу Русија и Украина.

Европската унија веќе воведе забрана за увоз на руска сурова нафта и нафтени деривати по море, но некои земји и понатаму купуваат руски фосилни горива, особено течен природен гас. Според аналитичарите, исполнувањето на условите на Трамп би значело голема промена во рамките на Алијансата, но останува неизвесно дали постои колективна волја за такви мерки.

Иако Трамп претходно бараше и санкции за Индија, во најновата порака до НАТО таа не беше спомената. Аналитичарите оценуваат дека тоа е поврзано со фактот што ЕУ е во завршна фаза на преговори за трговски договор со Индија, што ја прави малку веројатна согласноста на Брисел за дополнителни царини.

Со обраќањето до НАТО, а не до ЕУ, Трамп во условите ја вклучи и Турција – трет најголем купувач на руска нафта по Кина и Индија, што дополнително ја нагласува тежината на неговите барања.

Во меѓувреме, романското министерство за одбрана соопшти дека во саботата пресретнало дрон кој влегол во нивниот воздушен простор за време на руски напади врз Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот летал во воздушниот простор на НАТО „околу 50 минути“, додавајќи дека тоа е свесно ширење на конфликтот.

„Руската армија точно знае каде одат нивните дронови и колку долго можат да останат во воздухот. Нивните рути се секогаш пресметани. Ова не може да биде случајност или грешка. Тоа е очигледно проширување на војната,“ напиша Зеленски.

Инцидентот дојде по слични упади на руски дронови во полскиот воздушен простор претходно оваа недела, по што НАТО најави засилување на безбедноста на источниот фронт. Американскиот државен секретар Марко Рубио упадот во Полска го оцени како неприфатлив, несреќен и опасен развој на настаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што предизвика ширење на штетни супстанци во воздухот.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена во 2021 година. Апелирам на смиреност и доверба во институциите. Веднаш реагиравме, нашите инспектори го мереа квалитетот на воздухот и ситуацијата е под контрола,“ изјави Меџити во изјавата испратена до медиумите околу 3 часот по полноќ.

Тој рече дека првите резултати од мерењата се очекуваат во секој момент, но податоците утрово не се објавени.

Министерот за животна средина пристигнал во Трубарево доцна навечер, а во текот на целото попладне присуствуваше на партиските активности. Тој не се појави ниту на вонредната владина прес-конференција за пожарот, на која присутни беа министри од сите засегнати ресори, а новинарите го бараа поради итноста на состојбата. Меџити неколкупати се вклучи во живо на социјалните мрежи од партиските активности на кои присуствуваше во пресрет на локалните избори, каде е кандидиран за градоначалник на Чаир.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет1 час

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија2 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија10 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија12 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија14 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија15 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија15 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија17 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија18 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија20 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет23 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија24 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет1 ден

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет1 ден

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија1 ден

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...