Црна хроника
Скопјанка додека седела дома ја погодил залутан куршум
Девојка била погодена од залутан куршум додека седела во нејзината соба во скопската населба Чаир. Случајот вчера околу 23,50 часот во СВР-Скопје го пријавил нејзиниот татко Н.Б.(54) од Скопје.
Тој во полиција кажал дека во неговиот дом во Чаир во собата каде што била неговата ќерка пробило залутано зрно и и нанело површински повреди (изгореница). Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор
Вчера во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.
Црна хроника
Приведен тетовец, крадел предмети од зграда во изградба
Вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети.
Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка претепана пред угостителски објект во Центар
Утрово во 06.30 часот во СВР Скопје, К.Ц.(29) од Скопје пријавила дека во 04.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.