Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзината свекрва

Скопјанка во полиција пријавила дека била истепана од нејзината свекрва во скопска Гази Баба.
Синоќа во 20.45 часот во СВР Скопје, 41-годишната жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината свекрва. С.М..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кај осуденик во затворот во Идризово најдена марихуана

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Р.А., 28-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни, затворската полиција извршила претрес во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
Црна хроника
Гореше автомобил во Гази Баба во Скопје

Во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје, настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на 31-годишниот скопјанец С.К.. Случајот бил пријавен денеска во Секторот за внатрешни работи – Скопје во 3:59 часот.
Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР – Скопје.
Црна хроника
Битолчанец возел пијан, полицијата го приведе

Утрово во 6:30 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на СВР Битола го лишиja од слобода битолчанецот Р. Д. (24) затоа што управувал возило под дејство на алкхол.
Од СВР Битола информираа дека при сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Д. и при извршена контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, потврдија од СВР Битола.
Како што е познато, максимално дозволениот алкохол во крвта на лица кои што управуваат моторно возило изнесува 0,5 промили во крвта, а за возачи почетници 0,09 промили.