Црна хроника
Скопјанка нападнала полицаец

Скопјанка на возраст од 34 години била пријавена во СВР Скопје бидејќи физички нападнала полицаец во вечерните часови на 28. ноември.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Тепачка во Психијатриската болница во Бардовци – едно лице усмртено со стаклено шише

Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици.
Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско.
Во исто време, од удар со стаклено шише И.С. паднал во бесвест, откако бил префрлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал во 02:20 часот.
Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на сторителот е предадено на обдукција. Д.С. е задржан во просторијата каде што се случил инцидентот.
Имено, Д.С. е осудено лице за кривично дело „убиство“, додека И.Т. е осудено за кривично дело „семејно насилство“.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај.
Црна хроника
Приведен возач во Македонски Брод, управувал возило со 2,39 промила алкохол во организмот

Вчера во 11:35 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(54) од Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.