Црна хроника
Две скопјанки нападнати од нивните сопрузи
Четириесет и деветгодишна жена синоќа пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг В.В. од Скопје.
Семејно насилство во полицијата вчера пријавила и 19-годишна девојка. Таа била нападната во домот во Шуто Оризари од страна на нејзиниот сопруг Љ.Л. од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице од Турција поради давање поткуп
Утрово околу 03 часот на граничниот премин Долно Блаце, на влез во РСМ се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.
Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ.
К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен скопјанец во Тетово, кај него пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин
Вчера околу 23.10 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, во близина на градскиот плоштад, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, кој бил со патничко возило „волво“ со скопски регистерски таблици.
При извршен преглед над него и возилото, биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин. А.Љ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На Табановце уапсен Германец, возел „ауди“ барано од Интерпол
Вчера во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот М.С.О. од Германија, поради тоа што при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.