Црна хроника
Сообраќајка го затвори патот Струмица-Валандово
Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино.
Сообраќајот е во прекин утрово од 06:40 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во ауди криел 50 килограми марихуана
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од село Калишта, струшко.
Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило ауди со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.
Топ
Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат
Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар. Детето било без знаци на живот.
„На 3 октомври во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот. Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.
Црна хроника
Насилство во Скопско: ја нападнал поранешната партнерка и се обидел да ја силува
Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници извршиле службен разговор со 44-годишниот М.С. од радовишко село, со престој во скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.09.2024 во скопско, физички ја нападнал неговата 39-годишна поранешна вонбрачна партнерка и се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.