Црна хроника
Сообраќајка дополнително го отежна движењето на границата со Грција
Сообраќајна незгода помеѓу две возила се случи на граничниот премин „Богородица“ на влезот во Грција.
Според првичните информации, во несреќата причинета е само материјална штета и нема повредени лица.
Несреќата дополнително го успори сообраќајот кој во текот на речиси целиот ден се одвива бавно поради огромните колони на возила.
Утрово за влез во Грција беа забележани километарски редици, а во одредени делови од денот на преминот имаше затои кои траеја и до еден час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.