Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу „фиат“ и трактор во Кавадаречко: четири лица повредени

Вчера во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат“, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички Г.Н.(64) и С.Н.(39), како и возачот на тракторот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан скопјанец возел во спротивна лента и удрил во друг автомобил, повредено едно лице

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец.
Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.
Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило „Фиат стило“ кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот „Фиат стило“.
Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Малолетник нападнат во парк во Кисела Вода

Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.