Црна хроника
Сопругата осомничена дека со секира го убила мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишна жена од Студеничани, која со секира го убила својот сопруг.
„Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани при вршење семејно насилство, вчера, во дворот на семејната куќа, со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата, која била оставена во близина, и му задала три удари со сечилото нанесувајќи му повреди што предизвикале смртен исход кај оштетеното лице. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.