Црна хроника
Со возило удрен велосипедист во Тетово, возачот побегнал

На 20.10.2023 во 21.07 часот било пријавено дека во Тетово на ул.„29 Ноември“ кај крстосницата со бул.„Благоја Тоска“, патничко возило „голф“ удрило во велосипед управуван од Л.Л.(40) од Тетово, и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.