Црна хроника
Со електричен тротинет се забил во младо момче во Кисела Вода и побегнал, момчето тешко повредено
Вчера, на булеварот Борис Трајковски во Скопје, електричен тротинет удрил во 25-годишниот А. Д. од Прилеп и го напуштил местото.
Во несреќата тешки телесни повреди добила А. Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Навивачи нападнале полицајци на влезот во спортската сала во Битола
На 10 декември, околу 18:45 часот, на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле П.Н. (20), Н.А. (24) и Д.М. (24), сите од Скопје.
При влегување на навивачка група од Скопје на ракометен натпревар бил нарушен јавниот ред и мир, при што тројцата физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Подоцна, во 19:20 часот, на истиот влез, полициски службеници го привеле и Н.Ѓ. (34) од Битола поради агресивно однесување и повикување на насилство, со што исто така го нарушил јавниот ред и мир.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против сите инволвирани лица.
Црна хроника
Кичевец пријавил дека едно лице на сила се обидело да влезе во куќата на мајка му
Синоќа во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбени предмети од штала во Теново
Вчера во селото Жеровјане, тетовско, полициски службеници го приведоа Б.Е.(30) од с.Жеровјане.
Тој се сомничи дека во период од неколку денови извршил кражба во напуштена штала во селото Теново, сопственост на Л.И.(22), при што одзел повеќе предмети, соопшти МВР.
Ззадржан е во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

