Црна хроника
Со нож го нападнал и му украл пари и телефон
Еден маж од село Добридол бил нападнат од Тетовец со нож, во неговиот автомобил, кој му го зел и телефонот и парите.
Во понеделникот 20 минути по полноќ, во село Боговиње, тетовско, А.Н. извршил разбојничка кражба над М.И.(33) од село Добридол, гостиварско. М.И. со сопствениот автомобил бил паркиран во близина на амбулантата и во еден момент до него се паркирал автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.
Од возилото излегло непознато лице, кое се претставило како А.Н., и го прашал кого чека тука, по што му наредил да влезе во неговиот автомобил. Откако двајцата влегле во „БМВ-то“, А.Н. насилно му одзел мобилен телефон и 800 денари. После тоа го стартувал возилото, застанал на друга локација и со нож му нанел повреди на М.Н. во пределот на челото и раката. М.Н. успеал да излезе од возилото и да побегне.
Тој бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му се констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.