Контакт

Црна хроника

Со „Синџир“ опфатени 26 физички и 28 правни лица, го оштетиле буџетот за 7.980.627 евра

Објавено пред

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела злосторничко здружување од чл.394, даночно затајување од чл.279 и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. При извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка, а воедно досега се приведени и 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, додека 6 лица се недостапни на органите на прогонот.

dobivaj vesti na viber

Од прибраниот доказен материјал постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело. На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение фактурите ги користеле за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници.

Осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение. На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи. Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти.

Осомничените со сите противправно преземени дејствија, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра.

Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Даночно затајување.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложи определување на мерката притвор за 14 осомничени лица од кои за едно лице е предложена мерка куќен притвор. За останатите 12 осомничени лица предложи други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица.

За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа: за кривично дело злосторничко здружување од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор до три години, за кривичното дело даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.

Црна хроника

Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир

Објавено пред

Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Објавено пред

Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.

dobivaj vesti na viber

„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Објавено пред

Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.

dobivaj vesti na viber

Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија5 часа

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија8 часа

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија9 часа

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија10 часа

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет10 часа

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт11 часа

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет12 часа

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет12 часа

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија1 ден

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија1 ден

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија1 ден

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија1 ден

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија1 ден

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија1 ден

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 дена

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа2 дена

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет2 дена

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...