Црна хроника
Со три пиштоли во „бмв“ скопјани се возеле низ Ѓорче
Полицијата синоќа при преглед на автомобил во Ѓорче Петров пронајде три пиштоли и муниција.
Во возилото имало две лица кои се приведени и ќе бидат изнесени пред судија.
„Полицијата на подрачјето на Ѓорче Петров, ги приведе И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје. Имено, откако полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него пронашле 3 парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи,
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

