Контакт

Црна хроника

(Видео) МВР потврди: Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, разбиени три криминални групи, откриени дрога и оружје

Објавено пред

Како што објави утрово „Макфакс“, во Сингелиќ и во Арачиново се претресуваа домовите на повеќе локации, а во акцијата учествуваа и специјалци, кои вршеа пребарувања во куќите. Акцијата, која беше во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја потврди и МВР.

dobivaj vesti na viber

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. По добиени наредби за претреси издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 27 локации во Скопје и од слобода се лишени 15 лица на возраст од 20 до 54 години, сите од Скопје, а по тројца (З. Н., Е. Ш. и Ш. С.) се трага. При извршените претреси на повеќе локации пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, кои се предмет на вештачење, муниција, пиштол, патнички моторни возила, поголема сума девизни и денарски парични средства, мобилни телефони.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, денеска (17.5.2023), до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 18 лица од Скопје за сторени вкупно 20 кривични и тоа, и тоа против С. Р. (26), Р. Н. (20), А. Б. (37), Д. Г. (39), Е. А. (23), З. Н. (35), Ѓ. А. (34), М. Б. (33), Е. Ш. (25), Ш. С. (31), А. Р. (23) и Б. А. (33) за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, против М. Б. (32) за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и против И. А. (38), Д. А. (54), А. С. (27), О. Н. (39) и М. Б. (42) за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на трите организирани криминални групи е стекнување противправна имотна корист, која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во неколку случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција.

Во периодот од јули 2022 до мај 2023 година А. Р., како организатор, создал осумчлена организирана криминална група со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, во која членувале С. Р., Р. Н., А. Б., Д. Г., Е. А., З. Н. и Ѓ. А. и набавувал дрога од лица од Косово и Албанија, која ја криел на безбедни локации во с. Сингелиќ, Скопје, а другите членови вршеле нејзина понатамошна продажба на заинтересирани купувачи од Скопје, Велес и од други градови во државата. Некои од членовите биле задолжени да ја измерат и спакуваат во помали пакувања за нејзина понатамошна продажба, а преостанатиот дел од дрогата ја криеле во куќата кај А. Б.. Заради понатамошна продажба, по инструкции на организаторот, А. Б. го ангажирал Д. Г., а тој ги ангажирал Е. А., З. Н. и Ѓ. А. да најдат лица уживатели на дрога, на кои Д. Г. им ја доставувал со свое возило со цел да ја продадат за сума од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин, од 200 до 300 денари за грам марихуана и од 1.000 до 1.500 денари за грам амфетамин. Паричните средства од продажбата му ги давале на организаторот за што тој им давал одреден процент.

При реализацијата сузбиена е и една десетчлена организирана криминална група, чиј организатор е Б. А., во која некои од членовите биле инволвирани во недозволена трговија со оружје и муниција, а други биле инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година Б. А., И. А., Д. А., А. С., О. Н. и М. Б. дејствувале организирано заради неовластено држење, продавање и набавување поголемо количество огнено оружје и муниција. Организаторот Б. А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка „калашников“ во калибар од 7,62 мм, а во повеќе наврати од Д. А., сопственик на стрелиште во Скопје, и од А. С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина муниција (800 куршуми во калибар од 7,65 мм и 300 куршуми во калибар од 7,62 мм), кои ги купувал по цена од 40 до 45 денари за куршум. За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О. Н. и М. Б. и кога ќе најдел купувачи, по негови инструкции – О. Н. го земал оружјето од М. Б. од с. Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде што го продавале по цена од 1.000 евра. За транспортот О. Н. добивал по 50 евра, а другите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И. А., кој од Д. А. и А. С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б. А. на договорена локација, каде што било и заинтересираното лице, кое ја купувало за цена од 70 до 75 денари за куршум.

Некои од членовите на оваа организирана криминална група се инволвирани во уште една организирана група за недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година организаторот Б. А. набавувал дрога од лица од Косово и Албанија и ја чувал на безбедни локации, а за понатамошна продажба ги ангажирал членовите во организираната група М. Б., Е. Ш., Ш. С. и М. Б. да наоѓаат купувачи од Скопје и други градови заради неовластена продажба и пуштање во промет кокаин и марихуана. Членовите ги договарале видот, количината и цената, а по инструкции на организаторот, М. Б. го пренесувал кокаинот од с. Арачиново до Синеглиќ, каде што Б. А. ја продавал на заинтересирани купувачи, а Е. Ш. пренесувал кокаин и хероин од с. Арачиново и ги продавал на заинтересираните уживатели. За транспорт на дрога го ангажирал и М. Б., кој кокаинот го пренесувал и му го доставувал на Ш. С. во Шуто Оризари, кој го пакувал и го продавал на лица на подрачјето на Шуто Оризари за што од организаторот добивал одредена сума пари.

Лицата моментно се задржани во полициска станица, а по комплетирањето на доказниот материјал, ќе бидат изнесени пред надлежен судија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.

dobivaj vesti na viber

Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче

Објавено пред

Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возач со автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди

Објавено пред

Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија2 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа6 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија6 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа8 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион9 часа

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет10 часа

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет10 часа

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија10 часа

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија10 часа

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија10 часа

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија13 часа

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија1 ден

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет1 ден

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија1 ден

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ1 ден

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт2 дена

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа2 дена

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија2 дена

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија2 дена

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...