Црна хроника
Со туѓа кредитна картичка, кавадарчанка подигнала над 79.000 денари од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 34 годишна жена со иницијали Р.Ѓ. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Полицијата соопшти дека пријавената во период од девет месеци, од банкомати во Кавадарци, од дебитна и кредитна банкарска картичка на Б.Ѓ. од Кавадарци подигнала 79.200 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката кај Влае
Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од 32-годишната Е.С. од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од 27-годишниот Б.А. од село Сарај, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Деца ограбиле деца со нож во Скопје, МВР ги фати
Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.