Топ
Со фалш диплома се вработил во УБК, пријави за директорот и за ректорот на Славјанскиот институт
СВР Куманово поднесе поднесе кривични пријава против 33-годишен кумановец (М.Б.), кој со фалш диплома се вработил во Управата за безбедност и контраразузнавање, а потоа и напредувал во службата. Кривични пријави се поднесени и против уште неколку лица што учествувале во незаконското издавање на документот, и тоа Б.С. (36) од Свети Николе, генерален директор на Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“, ректорот Д.Н. (71) од Пробиштип, против Славјанскиот институт, и В.М.Н. (59), советник во Државниот просветен инспектор.
Притоа, М.Б. се сомничи за употреба на исправа со невистинита содржина, Б.С. и Д.Н. и пријавеното правно лице се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за фалсификување исправа, а В.М.Н. за несовесно работење во службата.
Според документираните сознанија од истрагата, М.Б. на 25 септември 2009 година потпишал договор за студирање на приватна високообразовна установа Меѓународен славјански институт во Свети Николе, на Факултетот за економија и организација на претприемаштво за учебна 2009/2010 година, за што му било оформено досие. Во текот на 2010 година заминал на привремена работа во Авганистан. Во временскиот период од 25.9.2009 година, па сè до 4.12.2012 година тој од задолжителни 33 предмети за предвидени 4 студиски години и 8 семестри вкупно нерегуларно положил 24 предмети, од кои на 19 испити не присуствувал бидејќи бил надвор од земјава.
Пет предмети положил пред да биде запишан во образовната институција (иако тие не биле предвидени во учебниот план и програма), еден предмет го положил два дена по запишување во образовната институција, а за другите осум предмети присуствувал на полагање.
Б.С., Д.Н. и правното лице со намера да му овозможат да стекне уверение за завршен дипломиран економист – менаџмент на организација, во временскиот период од 25.9.2009 година до 4.12.2012 година изготвиле и потпишале 24 пријави за испит со невистинита содржина дека наводно првопријавениот бил присутен на полагање и ги положил испитите во редовна постапка, а Д.Н. на 24.5.2013 година му издал и потпишал невалидна диплома.
Кумановецот фалш дипломата ја употребил како вистинска и на 24.12.2014 година, без претходно објавен јавен оглас, бил вработен во МВР со договор за вработување на неопределено време на работно место – приправник во УБК, а од 1.10.2015 година со одлука на Комисијата за распоредување и унапредување на работните места во УБК со решение е унапреден на работното место.
В.М.Н., пак, во својство на советник-државен просветен инспектор на 22.9.2017 година при вршење координиран вонреден инспекциски надзор во соработка со полициски службеници од СВР Куманово на Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе составила лажен записник, при што констатирала дека четири испитни пријави се спорни, од кои три по однос на недоволно пишани бонус бодови за положен испит, една испитна пријава дека е непотпишана, а не ги зела предвид пријавите за предвремено положени пет испити впишани во студентското досие за период додека М.Б. не бил запишан на образовната установа со крајно образложение во записникот дека по однос на наводите наведени во барањето на СВР Куманово нема констатирано неправилности и предметот се заклучува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно
Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и промена на режимот во Техеран доколку наложи претседателот Доналд Трамп, изјавија двајца функционери за Ројтерс. Воените опции се најновите знаци дека САД се подготвуваат за сериозен конфликт со Иран доколку дипломатските напори не успеат.
Ројтерс првпат минатата недела објави дека американската војска се подготвува за одржлива, еднонеделна операција против Иран, која би можела да вклучува напади врз иранската безбедност и нуклеарна инфраструктура.
Најновите откритија сугерираат подетални и амбициозни планови пред Трамп, кој јавно зборуваше во последните денови за идејата за промена на режимот во Исламската Република, да донесе конечна одлука.

A handout photo made available by the US Navy shows Nimitz-class aircraft carrier USS Abraham Lincoln (CVN 72), Arleigh Burke-class guided-missile destroyers USS Michael Murphy (DDG 112) and USS Frank E. Petersen Jr. (DDG 121), Henry J. Kaiser-class fleet replenishment oiler USNS Henry J. Kaiser (T-AO-187), and Lewis and Clark-class dry cargo ship USNS Carl Brashear (T-AKE 7), sailing in formation in the Arabian Sea, 06 February 2026 (issued 16 February 2026). The Abraham Lincoln Carrier Strike Group is deployed to the US 5th Fleet area of operations to strengthen regional partnerships and support multilateral maritime security. EPA/PETTY OFFICER 1ST CLASS JESSE MONFORD/US NAVY HANDOUT — MANDATORY CREDIT — HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Трамп: Размислувам за ограничен воен удар
Американските функционери, кои разговараа со Ројтерс под услов да останат анонимни поради чувствителноста на темата, не дадоа дополнителни детали за тоа кои поединци би можеле да бидат цел на потенцијален удар или како американската војска би можела да се обиде да го промени режимот без голема сила на терен.
Обидот за промена на режимот би означил уште едно отстапување од ветувањата на Трамп во кампањата да се откаже од она што тој го нарече неуспешни политики на претходните администрации, што вклучуваше воени напори за соборување на владите во Авганистан и Ирак.
Трамп во петокот изјави дека размислува за ограничен воен напад врз Иран, но не даде дополнителни детали.
На прашањето дали размислува за ограничен напад за да изврши притисок врз Иран да се согласи на договор за неговата нуклеарна програма, тој им рече на новинарите во Белата куќа: „Мислам дека можам да кажам дека го разгледувам тоа“.
Свет
Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп
Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови за поништување на сеопфатните царини на претседателот Доналд Трамп, објави Политико.
„Во близок контакт сме со американската администрација и чекаме разјаснување за чекорите што тие планираат да ги преземат како одговор на оваа пресуда“, изјави Олоф Гил, заменик-главен портпарол на Европската комисија. „Компаниите од двете страни на Атлантикот зависат од стабилноста и предвидливоста во трговските односи. Затоа остануваме посветени на ниските царини и работиме на нивно намалување“, додаде Гил.
Очекувањето во Европската Унија е дека администрацијата на Трамп повторно ќе воведе царини преку други средства, како што е преку истрагите по Член 232, кои веќе воведоа царини за европски челик и алуминиум во минатото.
„Ја следевме оваа одлука, но очекуваме американската администрација да користи други правни инструменти за повторно воведување царини“, изјави француски дипломат за Политико.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР

