Црна хроника
Стружанец нападнат на авто-плац кај селото Долна Белица
Синоќа во 19,00 часот, било пријавено дека во Општата болница во Струга, со повреди бил донесен И.И.(40) од струшкото село Велешта. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека тој, на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од с.Велешта. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.