Црна хроника
Стружанец одзел над милион денари од иселеник со ветување дека ќе му изгради куќа во Германија
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишник од струшкото село Лабуништа под сомнение за сторено кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, пријавениот го сторил делото на 16 ноември минатата година при средба со 53-годишен охриѓанец со привремено престојувалиште во Германија. Пријавениот го довел во заблуда оштетениот С.Ј. ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија.
Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума пари.
Кога оштетениот се вратил во Охрид во текот на минатиот месец и се обидел да се сретне со сега пријавениот, сфатил дека е измамен. Со извршувањето на делото 43-годишникот од Лабуништа стекнал противправна имотна корист од 1.230.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

