Црна хроника
Стружанец прегазен од камион во каменолом
Во струшката полиција денеска било пријавено дека во каменолом, лоциран на местото наречено Лабунишки Ливади, загинал 41-годишен маж од селото Долно Татеши.
Како што информираат од МВР, тој бил прегазен од камион што се враќал наназад, а бил управуван од 36-годишен возач.
Повредениот починал на местото на настанот, а полицискиот увид е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
11-годишно девојче тешко повредено во сообраќајка, возачот побегнал
Во вторникот вечерта, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Струмичко: пронајдена марихуана, уапсен 29-годишник
Вчера во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 29-годишниот В.М. од село Пиперево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

