Црна хроника
Струмичанец криел кокаин во штоп-светло на неговиот автомобил

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против жител на струмичкото село Костурино за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот во својот автомобил во левото задно штоп-светло скрил кокаин со тежина од 10,31 грам, спакуван во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера (16 јули), при претрес од овластени службени лица на наплатната рампа Миладиновци.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 46-годишник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Филмски грабеж во златара во Гостивар: Полицијата уште трага по маскираните кои побегнаа со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.
Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.
„На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило БМВ без регистарски таблички побегнале.
– Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Тетово.
Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил

Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“.
Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот.
Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал.
Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.