Црна хроника
По изборните прослави, скопјани наоѓаат заталкани куршуми во своите домови
Во текот на вчерашниот ден (16 јули) во скопската полиција биле пријавени два случаја во кои граѓани известиле за пронајдени заталкани куршуми во своите домови.
Во Полициската станица Драчево 70-годишник од Скопје пријавил дека во утринските часови на терасата од неговата куќа на улицата Китка пронашол зрно од огнено оружје, од кое била оштетена и лимената покривна конструкција. Скопјанецот го предал зрното во полиција.
Вториот случај бил пријавен вчера околу 21 часот, од страна на 66-годишен скопјанец.
Тој во вечерните часови на терасата од куќата на улицата Вашинтонска пронашол заталкано зрно од непознато огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пријавителот им го предал заталканото зрно, а според пријавеното, нема оштетување, ниту повредени лица.
И во вчерашниот полициски билтен имаше информациja за заталкан куршум, при што тој завршил во соба од стан, во која седеле татко и неговиот малолетен син.
Исто така, во текот на вчерашниот ден МВР информира дека во вечерните часови на 15 јули било пријавено пукање од огнено оружје за време на одржување прослава на политичка партија на плоштадот Скендербег во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.