Црна хроника
Судир на четири возила на „Стража“, меѓу нив и автомобил на МВР
Четири возила учествувале во сообраќајна несреќа пред превојот „Стража“, a меѓу нив имало и возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а со кое управувал полициски службеник.
Како што информираат од полицијата, во несреќата учествувале и две возила управувани од Ф.Б.(22) и А.Б.(22) од Тетово, а четвртото возило го возел 24-годишен гостиварец.
По незгодата, возачот од Гостивар и неговите тројца сопатници, со брза помош биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Струмичко: пронајдена марихуана, уапсен 29-годишник
Вчера во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 29-годишниот В.М. од село Пиперево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад во здравствена установа – ја заклучил во канцеларија, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

