Црна хроника
Татко и син најдени во стан со повреди од огнено оружје – синот починал
Татко и син биле пронајдени со повреди од огнено оружје во стан во скопски Аеродром, соопшти полицијата. Синот починал, а 87-годишниот старец бил пренесен во болница.
Според информации од страна на полицијата, вчера, во 19.32 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата Методија Шаторов – Шарло во Скопје, со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б. Д. (87) и В. Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку патрони.
Лекар од итната медицинска помош кај В. Д. констатирал смрт, а Б.Д. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

