Црна хроника
Татко и син тепале сограѓанин со метални палки
Во средата утрото татко и син пресретнале еден тетовец и го тепале со метални прачки, а му се заканувале и со одземање живот нему и на неговото семејство.
Имено, во 12.30 часот во ПС Тетово, Љ.А. (52) од Мала Речица, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 9.30 часот во Тетово на ул.„Илинденска“, С.С. (52) и неговиот син С.Х. (23), двајцата од Мала Речица, физички го нападнале.
Напаѓачите го удирале со тупаници во пределот на главата и телото, а во еден момент С.С. со метална шипка го удрил во пределот на левата страна од лицето нанесувајќи му видлива повреда.
Истите му упатиле и закани по живот на него и неговото семејство, по што побегнале од местото.
Причина за настанот, по кажување на Љ.А., е тоа што С.С. и С.Х. во изминатиот период без никаков основ му барале парични средства, а тој не им дал, по што пред околу два месеци физички го нападнале. Овој случај Љ.А. го пријавил во полиција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

